Кандидатот за уште еден мандат во Белата куѓа, Доналд Трамп, го именуваше Џејмс Дејвид Венс (Џ.Д. Венс) за кандидат за потпретседател за изборите во ноември.
Поранешниот критичар на Трамп, Џ.Д. Венс, сега се смета за близок соработник на поранешниот американски претседател и со своите 39 години е ѕвезда во подем во Републиканската партија.
Тој е сенатор со сојузната држава Охајо од 2023 година и важи за десничарски „хардлајнер“.
Доколку Трамп победи на претседателските избори во ноември, Венс би бил еден од најмладите потпретседатели во историјата на САД.
По атентатот врз Трамп, Џ.Д. Венс веднаш го обвини лично американскиот претседател Џо Бајден за нападот.
Во Сенатот пролетоска тој гласаше против помошта за Украина.
Очекуваната номинација на Венс беше официјално потврдена на конвенцијата на Републиканците во Милвоки набргу по нејзиното објавување.
На почетокот на големиот настан во американската сојузна држава Висконсин, делегатите го избраа и Трамп за свој кандидат за претседател. Овој чекор се сметаше за формалност по неговата победа на прелиминарните избори во партијата.Д.В.






