Трамп избра жена за шефица на неговиот Кабинет

Старо-новиот американски претседател Доналд Трамп објави дека Сузи Вајлс, која ебеше една од двајцата менаџери на неговата кампања, ќе биде шеф на неговиот кабинет во Белата куќа.



Тој ѝ ја доверува главната функција на политичката активистка кој му помогна да победи на изборите, „Ројтерс“

Назначувањето беше прво во серијата номинации за персоналот додека Трамп се подготвува за неговото враќање во Белата куќа на 20 јануари.

Во својство на „чувар“ на претседателот, шефот на кабинетот обично има големо влијание. Тој го насочува персоналот на Белата куќа, го организира времето и распоредот на претседателот и одржува контакти со други владини оддели и пратеници.

Смирената Сузи Вајлс (67) ќе биде првата жена што ќе ја извршува функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа.

„Сузи е цврста, паметна, иновативна и има универзално восхитување и почит“, рече Трамп во изјавата.