Доналд Трамп во четвртокот го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал во започнувањето на војната во Украина, коментар кој дополнително сугерира дека Трамп најверојатно радикално ќе ја промени американската политика кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември.



Поранешниот републикански претседател често го критикуваше Зеленски за време на неговата кампања, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец на Земјата“ затоа што побарал и добил милијарди долари воена помош од САД по избувнувањето на војната во 2022 година, пренесува „Вашингтон пост“.

Тој, го критикуваше украинскиот лидер за неуспехот да бара мир со Москва, со отстапување на дел од Украина дел од својата на Русија за да постигне мировен договор, отстапка што Киев ја смета за неприфатлива.

Коментарите на Трамп во четвртокот на PBD Podcast со Патрик Бет-Дејвид отидоа чекор подалеку од неговите претходни критики.

Тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да се започне.

„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам, бидејќи се чувствувам многу лошо за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи да започне оваа војна. Тоа е изгубена војна“, рече Трамп.

Зеленски му го претстави на Трамп неговиот „победнички план“ за завршување на војната за време на состанокот во Њујорк во септември, средба што двајцата лидери ја опишаа како срдечна.

Но, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој може да се обиде да ја прекине помошта за Украина доколку ја победи потпретседателката Камала Харис, кандидатот на демократите, на 5 ноември.

Тој постојано изјавуваше дека би можел да го прекине конфликтот пред да ја преземе функцијата во јануари, но не кажа како.