Американскиот претседател Доналд Трамп излезе со официјална изјава во печатена форма по вербалните дуели со својот украински колега Володимир Зеленски во Белата куќа, во која го обвини гостинот за непочитување на САД.
„Денеска имавме многу значајна средба во Белата куќа. Се дозна многу што никогаш не би можело да се разбере без разговор под таков оган и притисок. Неверојатно е тоа што излегува преку емоција и заклучив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир ако е вклучена Америка, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Јас не сакам предност, јас сакам МИР. Тој не ги почитуваше САД во Овалната соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, се вели во изјавата на Трамп дистрибуирана преку социјалните мрежи.






