Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да го критикува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Тој (Володимир Зеленски) зеде пари од оваа земја (во времетѕо) на Бајден, како да зема бонбони од дете – тоа му беше толку лесно. И мислам дека не беше благодарен“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.
Запрашан дали може да го прифати фактот дека „Украина можеби нема да опстане без американска поддршка“, Трамп одговори: „Па, можеби и воопшто нема да опстане“.
Трамп се’ уште чека да потпише договор со Украина за минерали.
„Мислам дека Зеленски ќе се врати за да го потпише договорот за метали“, рече тој. „САД ги третираат Украина и Израел еднакво, но тие се „многу различни земји“, рече Трамп.
Трамп постојано нагласуваше дека има цврст став кон Русија, а тоа му го призна и самиот Путин. Американскиот претседател рече дека би сакал да ги намали воените трошоци, но „не сега“.





