Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повика рускиот претседател Владимир Путин да покаже желба за мир и да ги запре борбите во Украина.
„Вчудоневиден сум и разочаран од Русија. Многу сум разочаран што ги бомбардираа овие места откако разговаравме за работите. Сакам тој да престане да пука, да седне и да потпише договор. Мислам дека имаме услови за договор и сакам тој да го потпише, да заврши со ова и едноставно да се врати во нормалниот живот“, им рече тој на новинарите.
На прашањето дали сè уште му верува на Путин, Трамп одговори:
„Ќе ви одговорам за две недели“.
За време на викендот, Трамп за прв пат остро го критикуваше Путин затоа што „немал никаква причина да лансира ракети врз цивилни области, градови и села во последните неколку дена…
Ова ме наведува да помислам дека можеби тој не сака да ја заврши војната“, напиша тој на социјалните мрежи.
Трамп додаде дека верува оти Зеленски е заинтересиран за мировен договор.
Тој „мисли“ дека неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на Русија како дел од мировниот договор, пишува Би-би-си.
На прашањето дали мисли дека украинскиот претседател е подготвен да ја отстапи контролата врз својот јужен полуостров Трамп одговори:
„Мислам дека да“.






