Петмина скијачи кои исчезнаа за време на скијачката тура во Швајцарија се пронајдени мртви, додека се уште се трага по шестиот скијач, се вели во денешното соопштение на полицијата, јави Ројтерс.
Скијачите, од кои пет членови на исто семејство, исчезнаа околу планината Тете Бланш во саботата на патеката Зермат-Арола, во близина на планината Матерхорн што се протега на границата меѓу Швајцарија и Италија.
Телата беа откриени во неделата во секторот Тет Бланш, соопшти полицијата.
Според претходното соопштение на полицијата, скијачите биле на возраст од 21 до 58 години. Петмина припаѓале на едно семејство од кантонот Вале, додека шестото лице е од кантонот Фрибург.
Полицијата не го откри идентитетот на пронајдените мртви.






