Тинејџер го загуби својот живот откако го удрил гром. Трагедијата се случи во гевгелиското село Негорци, каде попладнево имаше силно невреме.
“Гром удрил во тинејџер, кој починал на лице место” – пишува порталот „Скопје1“.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток“, информирале од МВР за порталот.





