Вчера било откриено телото на едно од трите деца на А.А. која исчезнала на 2 мај со нејзините две ќерки на возраст од 9 и 6 години и синот кој има само четири години и за која се претпоставува дека поради семејно насилство, решила со децата да се фрли во реката Бојана.



Телото на нејзината најстара ќерка синоќа беше извлечено од реката Бојана.

Потрагата по телото на Алма и на другите две деца се уште трае.

Полицијата завчера го уапсила Е.А., а потоа дала соопштение.

„На 03.05.2024 година граѓанинот Е.А.(31) пријавил дека ден претходно на 02.05. исчезнала неговата сопруга А.А.(39) и нивните 3 малолетни деца (9, 8 и 3 години). Посебна истрага е формирана група за расветлување на причините за напуштање на станот Врз основа на спроведените истраги и полициското разузнавање, се сомнева дека причина за напуштање на станот е насилството што 31-годишникот го извтшил врз неговата сопруга и децата“.