Даваме сè од себеси и максимално сме посветени на целосно справување со ситуацијата со пожарите во земјава, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот рече дека наследената состојбата од претходната власт во однос на технички услови, кадар, системска поврзаност, начин на откривање и соодветно реагирање на пожарите е многу лоша.
Тој вели дека најчесто човечкиот фактор е причина за предизвикување на пожарите и дека оперативната акција „Пожар 2024“ за справување со пожарите е веќе отворена, при што се уапсени неколку лица кои се директно поврзани со одредени настанати пожари, а додаде и дека министерството жестоко ќе реагира доколку во иднина успее да процесуира лица за кои ќе се обезбедат докази дека предизвикале пожар.
„Пуштени се оперативни тимови на терен, сите началници на СВР се фокусирани на ова, гранична полиција е вклучена во рамки на оперативни обработки и теренско делување. Правиме сè што можеме да направиме за да ги лоцираме оние кои се директни виновници за предизвикување на пожарите, и соодветно да ги процесуираме пред органите на прогонот.
Најчесто станува збор за човечки фактор којшто ги предизвикува пожарите“, рече Тошковски.






