Тошковски: Распишана потерница по 4 лица по пожарот во Кочани

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа.



Министерот истакна дека во овој момент не може да каже повеќе во врска со четирите лица, за кои е издадена потерница.

„Од страна на МВР во координација со јавното обвинителство се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација за предметната дискотека, како и лица поврзани со истата“, изјави Тошковски.

Тошковски информираше дека  според податоците до 12 часот во пожарот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.

Повредени биле 155 лица, кои се хоспитлизирани во болниците во државата.