Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, во интервју за Телма, ги коментираше случувањата и тензиите околу црквата Св. Петка во Галате.
Тошковски кажа дека тоа е обид за предизвикување на меѓуетнички тензии, и дека истиот не успеал.
„Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока на дестабилизација тогаш не знам што би било, вели министерот Тошковски.





