Министерот за внатрешни работи вели дека шефот на дипломатијата Бујар Османи не може да зборува за правни работи, затоа што не ги разбира.



„ Човекот за операции нека зборува, нека зборува за рентген на абдомен, за тие работи може тој да разговара, не може разговара за ова и за тоа сме на ова дереџе на кое што сме…Не сакам да зборувам за правни аргументи.

Она што го зборуваше Османи за член 18 од Уставот. Па тој нема право да зборува за член 18 од Уставот, тој не знае што пишува во членот и да го причита не знае да го разбере.

Па не му е тоа работа нему, тој треба да оперира.

Тој не треба да чита членови од Устав. Па како не му е срам. Сите експерти кои што разбираат уставно право излегоа кажаа луѓето. Доста со импровизации и со неписменост – рече Тошковски, алудирајќи на професијата на Османи, кој е лекар по струка во синоќешното „Само Интервју на Канал 5..