утрово изјави дека
Сите избирачки места утрово беа навреме отворени, состојбата е стабилна, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој рече дека незкаонски дејствија имало вчера:
И тоа, во Охрид имало злоупотреба на лични податоци, споделување во групи и за ова е известен јавен обвинител.
Незаконски дејствија имало во Крива Паланка, односно поткуп. На бензинска пумпа се давале бонови.
Во Велес е направен претрес кај лице и се најдени пари и пиштоли, но и списоци на луѓе кои требало да бидат поткупени. Лицето е во притвор.
Повреден бил и изборниот процес во Кичево, каде се забележани повеќе возила кои ги упавувале лица кои вршеле поткуп.
Во Неготино, пратеник од една политичка партија, искористувајќи податоци кои требало да бидат тајни, за пари доделени на ИПАРД се јавувал кај луѓето и влијаел на нивното право на глас.





