Тошковски може да однесе в затвор 6 инспектори за криминал на Бит Пазар

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски како прв човек во МВР може да однесе в затвор 6 пазарни инспектори за сторен криминал на Бит Пазар.



Делата за кои Тошковски информира се однесуваат на член од Кривичниот закон кој носи до 5 години затвор.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Сkopje поднесла кривична пријава против 6 службени лица – Инспектори вработени во Државен Пазарен Инспекторат за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл. 353 од Кривичниот законик.

,,Имено, во текот на месеците Март и Април 2023 година, пријавените преземале службени дејствија и вршеле контрола во три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на “Бит Пазар” за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, а подолг временски период работеле како менувачници.

Иако согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, пријавените инспектори на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат Решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противредност, истите не ги преземале наведените дејствија”, објави Тошковски.

Наместо да ги затворат и да го казнат соодветно инспекторите при сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците, пријавените им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Инспекторите со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“.