Точно на Нова година на Земјата ќе има 7.444.443.881 човек

Планетата Земја во новата 2018 година ќе влезе со точно 7.444.443.881 човек, предвидува Федерален статистички систем на Соединети Американски Држави.



Во споредба со 1 јануари 2017 година населението на земјината топка е зголемено за 78,5 милиони луѓе, а прирастот е 1,07 отсто.

Се очекува во текот на јануари 2018 „секоја секунда да се раѓаат 4,3 бебиња и да умираат 1,8 лица“.

Според статистичката служба на САД, во 2050 година на Земјата ќе живеат девет милијарди луѓе. За споредба, во почетокот на 11. век имало 310 милиони, а во 1900 година бројката пораснала на 1,6 милијарди.

Границата од шест милијарди луѓе е помината во 1999 година, а од седум милијарди во 2011 година.

На 1 јануари 2018 година во САД ќе живеат 326,97 милиони луѓе, односно 2,3 милиони повеќе од 1 јануари 2017 година.