Македонската машка кошаркарска репрезентација патуваше долго и опасно до Братислава каде денеска и утре ќе ги има првите преверки на составот и формата за претквалификациите за СП во 2019. година. Словачка за црвено жолтите излезе подалеку од Аљаска, а причина за безмалку целодневното патување беше невремето во Виена, во која беше замислен трансферот од авион во автобус. Торнадото кое се појави близу австриското леталиште не принуди да слетаме во Грац, а потоа да продолжиме за Виена и Братислава.



Првиот од двата натпревара со Словачка е денеска од 18 часот и ќе биде од затворен карактер додека вториот ќе биде отворен, а се игра утре со почеток во 16 часот. По ова најдобрата македонска кошаркарска селекција се враќа за средба, исто пријателска, со Бугарија во Скопје.