Многу нации и народи кои гравитираат кон Екваторот имаат традиција на пиење чај во најжешкиот период во годината. Сред лето тие се ладат само со чај. Арапите, Турците и Азијците одмавнуваат со глава кога ќе видат дека во лето луѓето се налеваат со големи количества ладни напивки.



И во право се: во прв момент тие напивки навистина освежуваат, но потоа во телото се вклучуваат интерните “грејни агрегати” што доведува до тоа уште повеќе да се потите. При конзумирањето на топлите напивки се случува токму спротивното: телото автоматски го вклучува “регулаторот за ладење”. Поради тоа Арапите и Турците пијат чај од нане или од јаболко, а Кинезите зелен чај кога живата во термометарот ќе полуди.

Обидете се и вие и ќе видите дека функционира. Можеби во првиот миг на 40 степени, испарувањето на жешкиот чај ќе ве деморализира, но ќе видите дека годи и лади. И не е важно за каков чај станува збор, само да е со помалку шеќер и по можност со лимон.