Бугарските институции покажуваат едногласност само за македонското прашање, сите сме единствени. За прв пат ја гледам едногласноста на сите политички сили, тоа е прекрасно, изјави за „БНР“ Кирил Топалов, поранешен бугарски дипломат и член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања, пренесува Телеграфи Македонија.



„Моравме да се обединиме против неприфатливото однесување на оваа земја, која цело време е дел од бугарската држава. Оваа земја се спаси од злобната одмазда на Милошевиќ за време на распадот на Југославија и Бугарија веднаш потпиша договор и го призна, и дадовме оружје на *Македонија против албанските банди, Солун им го затвори пристаништето и Бургас стана пристаниште за Р*В. Ние го заштитивме Р*В, а Србија имаше корист од ова“, коментира Топалов.

Тој рече дека во РМВ има стабилна просрпска политика која е и проруска.

„На комисијата и на медиумите секогаш им кажувам дека Скопје фатално зависи од Белград, а Белград зависи од Москва.

Овие работи треба да се земат предвид кога има провокации. Не треба да им се посветува премногу внимание, но ниту да се остават без одговор. Тоа општество е отруено. Таму народот гласа, колку и да ги фалсификува изборите, неговото општество е антибугарско, мора да се признае“, рече Топалов.

Тој ја коментираше и посетата на Гордана Силјановска Давкова на бугарскиот претседател Румен Радев и објасни дека посетата била пријателска и немало прекршување на протоколот.