Иако во моментов е еден од најпопуларните актери во Холивуд, Том Харди успешно го крие својот приватен живот од очите на јавноста. Актерот го избегнува црвениот тепих, но неговото пристигнување на примиерата на фимот Dunkirk, затоа што е реткост, предизвика многу интерес, а особено затоа што таму се појави со сопругата.



Станува збор за актерката Шарлот Рајли со која Том е во врска од 2009. година, со тоа што тие се во брак од 2010. година. Нивната свадба беше вистинска мистерија, бидејќи тие се венчале во тајност, а се ќе останеше непознато ако Харди во едно интервју не ја нарече Шарлот сопруга, по што стана јасно дека се во брак. Тогаш веројатно беа скршени многу срца затоа што Том е на глас како фаворит кај жените.

Но во овој случај згодниот Британецот падна во втор план и во сенка на неговата убава жена, која на црвениот тепих блесна во црн костум со провидни делови и длабоко деколте.