Тодор Петров запали свеќа пред постаментот на урнатиот Ќосе

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров запали свеќа на местото каде што до вчера се наоѓаше споменикот на Андон Ќосето. Тој на својот фејсбук-профил објави фотографии од овој чин.
„Запалив свеќи пред осквернавениот споменик на Андон Лазов Јанев Ќосето до Судската палата, за да ѝ светне на Владата, впрегната во мракобесието на антимакедонизмот, каде ја води државата и нацијата“ – напиша Петров.
Споменикот беше отстранет доцна синоќа, а го постави претходната власт во 2014 година.