Тирамису е италијански десерт кој што се приготвува со пишкоти, натопени со кафе еспресо.



Состојки :
-400 грама сирење маскарпоне
-пишкоти
-4 јајца
-100 грама шеќер во прав
-250 мл. силно кафе еспресо
-2 лажички коњак, амарето или рум (по избор)
-2 лажички какао


Подготовка :

Изматете ги жолчките од јајцата со шеќерот. Додајте го во нив маскарпонето и измешајте ја смесата. Во друг сад матете ги белките, додека не се направат како пена. Потоа додајте ги во смесата со маскарпоне. Во еспресото додајте го румот. Во таа течност макајте ги пишкотите, една по една. Внимавајте да не бидат премногу влажни, затоа што ќе се распаѓаат.
Во тава наредете еден ред пишкоти. Врз нив ставете од смесата со маскарпоне. Потоа повторно наредете пишкоти, па пак од смесата. По желба можете да наредите уште еден ред пишкоти, но задолжително најгорниот слој треба да биде од смесата. Одгоре прекријте го овој сладок десерт со какао во прав.
Ставете го во фрижидер. Најдобро е да стои во фрижидер еден ден пред консумирање.