Македонската машка ракометна репрезентација е во длабока негатива по првото полувреме од првиот меч од главната групна фаза од Европското првенство во Хрватска. Во Вараждин вечерва губиме по 30 минути игра со 15-6 што не значи пораз, но го навестува особено што во мечот сме без првиот среден бек Филип Миркуловски од почеток и без капитенот Кире Лазаров од 10 минута, а за него е неизвесно е дали воопшто ќе може да продолжи.
Во најлошото полувреме на оваа генерација, а тоа значи една цела декада наназад во негатива сме од почеток. 3-0 па гол од пенал од 7 минута. Потоа исто лошо, па противникот имаше и 6-1 и 7-2, што не е најлошото зошто по приближувањето на 5-8 следуваше апстиненцијата од 11 и пол минути и водство на фуријата од 15-5 што беше прекинато од Стоилов на истекот од 30 минута.
И во таква ситуација и движење на резултатот наш најдобар играч е голманот Борко Ристовски со 8 одбрани.





