Тешкото на Конески со „Танец“ одекна во Осака на „Експо 2025“

Традиционалното македонско оро ,,Тешкото” напишано од Блаже Конески во изведба на националниот ансамбл Танец одекна во Осака на меѓународниот EXPO2025 кој годинава се одржува во Јапонија.



Македонскиот национален ден на #EXPO2025 во Осака, Јапонија е прославен со „Тешкото“, во традиционални мотиви и боите на македонското знаме, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

,,Нашиот павилјон го прикажува културното и археолошкото богатство на нацијата. Промовиран туризам, вино, гастрономија и македонско гостопримство. Истакнати инвестициски можности и македонско јапонска билатерална соработка. Беше посебна чест да се обратам на толку значајна пригода”, пишува министерот Муцунски за македонскиот ден на EXPO2025.