Состојбата на преостанатите четворица пациенти во „Пирогов“ од настраданите во Кочани и понатаму е сериозна, но стабилна, го изјави началникот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија при медицинската установа, проф. Маја Аргирова забугарски медиуми..
Вчера уште четворица од повредените беа отпуштени.
За четворицата пациенти кои останаа во болницата, Аргирова посочи дека се очекува постепено подобрување на нивната состојба. Пред нив се уште хируршки интервенции и активно движење.
Таа истакна дека ова се некои од најтешките случаи со кои таа и нејзиниот тим се сретнале на клиниката, но тие одлично се справиле со тоа и пациентите кои вчера беа отпуштени ќе се прилагодат на нивната социјална средина што е можно побрзо.
Аргирова рече дека на лекарите им е исклучително тешко да држат деца во раце, изгорени речиси дп непрепознатливост.
„И нема потежок настан и за жртвата и за нивното семејство од овој. Особено да изгори голема површина од телото.
Третманот е долг, болен и вклучува многу лишување од страна на целото семејство на жртвата“, објасни таа.
Аргирова истакна дека отпуштените во текот на вчерашниот ден ќе дојдат на прегледи и ќе имаат закажано реконструктивни операции. Периодот на опоравување ќе трае долго.
„Закрепнувањето на таков повреден е скоро година и пол – две. Ако се додадат и реконструктивните операции, периодот може да трае и до 5-7 години по завршувањето на акутниот период. Односно по излегувањето. Значи лекувањето не завршува со пуштање на пациентите од клиниката. следи скоро две години по отпуштањето“, објасни Аргирова.
Според неа, повеќето деца одбиле да зборуваат за ноќта на пожарот.






