„Најголема излезност до 17 часот имаше во Новаци од 66, 47 проценти, а најниска во Липково од 6,48 отсто. Липково ги бојкотираше целосно претседателските избори.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.
Порталот дополнува во веста: Највисока излезност за парламентарните избори е во Кривогаштани од 79, 73 отсто, а најниска во Маврово и Ростуше од 22,93 отсто.





