Минимум четворица обвинители сакаат да бидат први луѓе на Јавното обвнителство во главниот град.
Телевизијата Телма тврди дека освен претходната обвинителка Гордана Гешковска за челната позиција на најголемото обвинителство во земјава, се кандидрал и нејзиниот заменик Јован Цветановски како и двајца обивнители кои што јавноста помалку ги знае: Мартин Митревски кој го водеше предметот за големиот пожар во Македонска пошта и обвинителот Расим Дреца.
Гешковска на јавноста и е позната и по предметите што ги водеше како обвинител за организиран криминал меѓу кои „Бачило“ и „Пајажина“ против Велија Рамковски кои добија завршница пред македонските судови, „Монструм“ кој се наоѓа на ревизија пред Врховниот суд и случајот „Изгрев“ што апелација го укинуваше.
Цветановски пошироката јавност го запозна по прес конференцијата што ја одржа за случајот „Фабрика за афери“ против Захир Бекири Чауш а тој ја води предистражната постапка за финасирањето на кампањата на СДСМ.
Според информациите на Телма некои кандидати се пријавиле за по неколку позиции. Некаде како обвинител, некаде како шеф на обвинителство.
фото: Академик.мк






