Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата во последните неколку години долго преговараше со Чикаго, но во последен миг се реши за Лос Анџелес. Милош Теодосиќ тргнува во НБА со јасна намера да игра и да има минутажа, а тоа во Клиперси ќе му биде овозможено по заминувањето на долгогодишниот Ол Стар плеј Крис Пол кој претходно замина во Хјустон.
Српскиот кошаркар кој се подготвува за настап на ЕП според американските медиуми потпишал на две години во кои ќе заработи 12.3 милиони долари со опција договорот да биде прекинат и по само една сезона. Теодосиќ кој важи за најдобриот асистент во Европа во новиот милениум беше MVP на Евролигата во 2010. и играч на годината во 2016, а пред две недели се ожени со Јелисавета Орашанин.





