Македонската кошаркарска репрезентација ќе го добие посакуваното засилување со Џордан Теодор, кој со одлука на Владата на Република Македонија доби пасош.
27. годишниот кошаркар на Банвит на 5. јули ќе допатува во Македонија и по завршувањето на формалностите околу неговата документација ќе се стави на располагање на нашата кошаркарска репрезентација.
Теодор, кој настапува на плејмејкерската позиција, во мината сезона беше избран за МВП на кошаркарската Лига на шампиони, а во текот на сезоната оствари просечни 15,9 поени и 7,7 асистенции по натпревар.






