За три места за членови на надзорен одбор, во централниот регистар биле впишани четири имиња!
Се работи за документ од централниот регистар за одлука на владата за избор на надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за воздухопловна навигација со скратеница М – НАВ. Документот од 3 ти август годинава е потпишан од премиерот Зоран Заев.
И ништо не би било спорно, открива „Телма“, доколку едното од трите имиња, тоа на Едмон Калиќине било пречкртано и со ракопис допишано било името на Милорад Милановиќ.
Калиќи на оваа позиција бил предложен од два синдикати кои во тоа време се репрезентативни и од струковиот и од синдикатот за воздухопловство, но на 31 август бил известен дека всушност тој не е член на надзорниот туку Милорад Милановиќ, преставник на трет паралелен синдикат во М – НАФ.
Проблемот со Едмонд Калиќи настанал кога Централниот регистар увидел дека тој е сопственик на две фирми, нешто што се коси со законот и затоа не може да биде член на надзорниот орган.
И, наместо владата одново да избира член на Надзорниот, некој само го пречкртал неговото, а го додал во ракопис името на Милановиќ.
Она што е дополнително интересно е дека ова се случува во време кога се веќе распишани локалните избори, и кога со закон е забрането вработување во јавна администрација и именување лица.
Оттаму сомнежите, дека поради ова не била донесена нова одлука влада туку, само било допишно името врз претходната одлука.





