Поранешниот началник на Петата управа во УБК и бегалец, Горан Грујевски, кој вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти, денеска бил пуштен на слобода, дознава Телма.
Хравсткото МВР и Интерпол доставило информација до МВР вчера за приведувањето како и последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.
Според извори на Телма одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујевски му бил одобрен азил во Грција.






