Петровец, Илинден и Сопиште се трите општини што ги освои ВМРО ДПМНЕ во првиот круг на 6.те локални избори што се одржаа вчера , но иако коалицијата предводена од оваа партија води уште во неколку, неизвесно е дали ќе освојат уште некоја општина или дебаклот ќе биде комплетен.
Според резултатите, во Петровец победи со 3.196 наспроти 1.619 гласови за СДСМ, во Илинден со 5.235 наспроти 3.288 и во Сопиште 1.675 наспроти 1.535 освоени гласови од СДСМ.
Од досега преброеното, партијата засега води во Штип (само 36 гласа предност), во Пробиштип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Каавадарци и Новаци каде ќе има втор круг на 29 октомври.
Во втор круг одат и досегашните „бастиони“ на ВМРО ДПМНЕ, Гази Баба, Бутел и Кисела Вода, но во овие општини предноста е на страна на СДСМ.
Коалицијата предводена од СДСМ победи во Бутел, Ѓорче Петров, а изненадување на вечерта беше Кратово – општина во која 26 гиодини градоначалник добиваше Социјалистичката партија која сега е е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.
Во Арачиново убедлива победа на СДСМ, а исходот беше 3.067 освоени гласови на СДСМ наспроти 1.025 за ДУИ.
СДСМ и Коалицијата победија во прв круг во Охрид, Битола, Прилеп, Велес, ,Крива Паланка, Делчево, Берово, Македонска Каменица, Виница, , Гевгелија, Дојран, Богданци, Пехчево, Валандово, Маврово-Ростуше, Дебарца, Демир Хисар, Чашка, Македонски Брод .
Во Скопје Петре Шилегов води со 35 илјади гласови пред Коце Трајановски и од преброени 601 гласачко место, од вкупно 685, има освоено 50.06 проценти од гласовите.
Доколку остане ваквиот процент, СДСМ го добива и Скопје во првиот круг.




