Како што дознава ТВ 24, портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM Дарко Каевски револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да се избрише.
Во тензична атмосфера се одвиваа денешниот Централен и Извршен одбор на СДСМ пред почетокот на Конгресот на партијата вечерва.
Се разгледуваа предложените пратенички листи по изборни единици од страна на претседателот на партијата Димитар Ковачевски.
Стефан Богоев кој беше спомнат како еден од оние кои лути ја напуштиле седницата на Фејсбук соопшти дека тоа не е точно, односно дека бил таму „од почеток до крај“ и гласал за пратеничките листи иако не е на нив.





