„ДУИ го обвинува претседателот на СДСМ Венко Филипче дека се обидува да ги прикрие неуспесите на неговата партија со копирање на ставот на албаноомразата на ВМРО ДПМНЕ преку ставот против ДУИ. Според интегристите, ова е обид да се гради политички идентитет преку ДУИ како единствена партија со јасен идентитет. Според ДУИ, користењето говор против неа како партија е одраз на албаноомразата, вкорнета во еден дел на македонската политика.“ – објави ТВ Клан Македонија во својата статија со наслов „Расправија меѓу опозицијата во Македонија! ДУИ обвинува дека СДСМ се обидува да се воздигне преку албаноомраза“.
Телевизијата натаму истакнува: „Користењето истрошен говор против ДУИ не им помага ниту на Филипче, ниту на неговата патија, а сигурно не и на * Македонија. Албанците и граѓаните бараат стабилност, напредок и визија – не говор на раздор и поделби, ниту враќање на албаноомразата.“ – велат од ДУИ.
Социјалдемократите посочуваат дека се изненадени од ставот на ДУИ оти Филипче и СДСМ шират албаноомраза. Социјалдемократите додаваат дека очекувале ДУИ прва да ја прифати лидерската средба за стабилност, но, според нив, тоа не се случило и ДУИ изгубила можност, исто како и ВМРО-ДПМНЕ, да покаже дека навистина се залага за мир и стабилност во земјата. „Ги повикуваме ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и сите парламентарни партии да го прифатат повикот за лидерска средба, од која заеднички ќе испратиме порака за стабилност. Ако не го прифатат ова, ќе мораме да кажеме дека една од овие партии има интерес да продолжи да поттикнува напнатост, што е многу опасно за државата.“ – велат од СДСМ.
Во оваа тепачка меѓу опозицијата беше вклучена и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму нагласуваат дека Филипче, десната рака на на Заев, нема искуство. „Наместо да прави метеж, свесно или несвесно, не е важно, нека ги праша Филипче колегите кога и што се договориле со ДУИ, како ДУИ ги ставила во скут сите до еден, поради нивната склоност кон корупција и кога се договориле да поттикнуваат напнатост, на што предупредуваше и премиерот летото, а СДСМ дејствуваше несоодветно.“ – укажуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Целата оваа пресметка меѓу двајцата поранешни владини партнери СДСМ и ДУИ почна по изјавата на новиот социјалдемократски лидер Филипче дека во иднина коалицијата ќе се гради врз основа на политички вредности, а не да се оштетат позициите, само за да може владата да остане уште малку подолго.





