Со само неколку состојки обичното пилешко претворете го во многу вкусно јадење.
Ако ви треба меко и сочно пилешко за салата или како додаток во тестенини, тоа ќе го постигнете на следниов начин и со следниот рецепт.
Состојки:
-1 кг. пилешки стек
-4 лажици сенф
-1 лажица црн пипер
-1 лажица оригано
-150мл. бело вино
-50мл. масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ако стековите се со различна дебелина, истенчете ги со дрвен чекан за да станат отприлика исто тенки, бидејќи ова влијае на времетраењето на печењето, а ако печете додека се испечат најдебелите парчиња, може да добиете и еден дел суво и жилаво месо.
Потоа премачкајте ја тавата со две лажички маслиново масло, наредете ги парчињата месо и поминете ги одозгора со четка намасленета со маслиново масло. Маслиновото масло создава кафена крцкава кожа, додека внатрешноста на пилешкото ја задржува сочна.
Ставете зачини по избор и протријте по површината.

Откако ќе го подготвите стекот за печење садот покријте го со алуминиумска фолија. Печете така 20 минути, па потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10 со непокриено тавче. Во меѓувреме можете да додадете сос ако сакате. Оставете го малку да се олади (идеално температурата треба да дојде до 70 степени) и потоа сервирајте. Месото ќе биде меко и сочно.






