Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН) по „милионити“ пат го впери прстот кон Македонија, обвинувајќи ја за замрзнатите бугарско-македонски односи, според него, а причината за тоа ја лоцира во нејзината наводна насоченост кон „српскиот свет“, а со тоа кон Русија?!.



„Скопје се обидува да го зацврсти својот тон бидејќи има српска поддршка од Русија, а од наша страна нема вистинска контраакција. Се потпираме на добра волја, но тоа не е доволно за промена“, изјави историчарот за „Њуз.бг“.

„Ова е минијатурен регионален елемент на рускиот свет, кој е елемент во БРИКС. Ова е некаков вид евроазиски сојуз што гравитира на регионално ниво околу Србија, која има провокативно однесување“, додава Ташев за земјата-членка на НАТО што протера руски дипломати и им дава поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а Русија ја обвинува за агресија.