Тачи: Курти се меша исто како Путин во изборите во Р*М! – Тоа ќе биде проблем за Р*М во смисла на опција за федерација!

„Албин Курти исто како Владимир Путин се меша во изборите во Р*М! Тоа што го прави Курти во Р*М ќе има многу големи последици не само за Косово, туку и за Р*М во смисла на една поинаква политичка опција во Р*М – федерација и решение со територијални аспекти, во контекстот на северот на Косово! “ – изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера во емисијата „Дебатно катче“ на ТЕВЕ 1 од Косово.



Коментирајќи го вмешувањето на тамошната владејачка партија Ветвендосје (Самоопределување) во парламентарните и претседателски избори во Македонија, лидерот на ДПА Тачи изјави дека со овој гест Албин Курти се вмешува во тие изборни процеси на ист начин како претседателот на Русија Владимир Путин!Со ова што го прави Курти ќе има многу големи последици врз Косово – легализирање на политиката на Александар Вучиќ. Но, без сомневање ќе има проблеми не само за Косово, туку и за Македонија! Јас зборувам за територијални аспекти, се плашам да споменам федерација, страв ми е да споменам еден милион народ во Македонија! Знаете зошто?! Поради контекстот на северот на Косово, страв ми е да споменам едно друго решение, една друга политичка опција во Македонија, поради контекстот во Косово!“

Тачи најави негово повлекување од политиката, ако Ветвендосје добие во Тетово повеќе гласови од него и од ДПА: „Еве кажувам вечерва јавно: Ако кандидатот на Албин Курти освои не еден глас, туку половина глас повеќе од мене во Тетово јас никогаш повеќе нема да се занимавам со политика!“