„Во * Македонија се одвива драма на изборите, која може да се лизне кон трагедија!“ – изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој учествуваше во првиот круг на претседателските избори како дел на „Европскиот фронт“ на ДУИ и Али Ахмети. Ова го јави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“.
Порталот пишува: „Драмата во Македонија на изборите е многу тешка. Моето дејствување, моите контакти, претконтактите со ВМРО-ДПМНЕ се да не се лизне драмата кон трагедија, туку да остане драма! Речникот, што го користи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, може да го употребува против кого било, но не против Европскиот фронт и не против Али Ахмети и ДУИ.“ – нагласи Мендух Тачи.
Тачи го спомена и „враќањето во ситуацијата од 2001 година“.
„Ако не излеземе со стабилна Влада од оваа ситуација, тогаш ќе бидеме многу блиску до враќањето на ситуацијата од 2001 година! Ситуацијата е многу сериозна. Ситуацијата не е за да се прават шеги. Јас правам максимум да не дојде до ова. Во контактите, кои ги воспоставив, реков: мора да бидете многу внимателни, бидејќи изборната шега може да донесе многу тешки последици.“ – посочи лидерот на ДПА Мендух Тачи.





