Таравари: Четирите партии од коалицијта ВРЕДИ можат да се спојат во една

Mожно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава, најави Арбен Таравари во неделното интервју за Радио слободна Европа (РСЕ).



„По локалните избори веќе сме размислувале и сме зборувале за тоа, можеби и може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија“, вели Таравари.

„Во повеќето општини, каде што мнозинство, односно има шанси и Албанците да победат, повеќе се Албанци, размислуваме за потенцијални кандидати. Меѓутоа, се надевам, кон крајот на март, ќе излеземе и со предлози кои би биле нашите кандидати во одредени општини за идни градоначалници“.