Таравари: Ќе работиме посветено секој, а посебно Албанец, да биде вработен и квалификуван без оглед на политичкото убедување!

„Ова е многу важна порака, што сакам да ја споделам со вас: во новата влада нема да работиме ниедна минута, за да им се одмаздиме на тие, што не гласаа за нас! Ќе работиме посветено секој, а посебно Албанец, да биде вработен и квалификуван без оглед на на политичкото убедување!“ објави на својот фејсбук-профил Арбен Таравари, лидерот на едното од двете крила во Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на државата на изминатите претседателски избори од редовите на здружената албанска опозиција „Вреди“.