Таравари: Четирите општини ќе ја финансираат Албанската академија во 2025! – Перински: Тоа е незаконски, општините немаат надлежност за тоа!

„Се очекува Албанската академија за науки и уметности да се финансира од општински буџети преку ставката за пари, што се издвојуваат за невладини организации. Неофицијално, ваква е намерата на градоначалниците од општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир, кои најавија дека дека ќе ја помогнат Албанската академија со пари од буџетите за 2025 година. Потврда пристигна и од Арбен Таравари, министерот од коалицијата Вреди. Министерот за локална самоуправа Златко Перински информира дека ставот останува непроменет и оти ваквиот начин на финансирање е незаконски.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Четирите општини, што најавија пари, ги усвојуваат буџетите: „Има предвидено пари за Албанската академија“.



Натаму, во информацијата на телевизијата се истакнува: „Секако дека се предвидени пари од буџетот на четирите албански општини за Албанската академија за наука и уметност. Тоа е предвидено во буџетот за 2025 година и се надевам дека ќе биде реализирано идната година.“ – посочи Таравари.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински информира дека ставот останува непроменет и ваквиот начин на финансирање е незаконски. Сите пари, кои општината ги собира по било која основа, ги распределува преку усвојуостварување на основните законски надлежности на самата локална самоуправа. Во тие надлежности не стои ‘Албанска академија на науки и уметности’.“ – нагласи Перински.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да ја поддржат ваквата идеја за финансирање на Академијата. Од ДУИ истакнаа дека темата треба да се реши на централно рамниште и негодуваа што Академијата се регистрира како невладина организација.


Најчитани статии Кандидатот предложен во време на ДУИ е близок со Црковниот одбор на македонската црква во Берлин
Професорот Села прогласи 85 % од Македонците за дестабилизирачки фактор