Претседателот на Алијанса за Албанците ѝ го честиташе на коалицијата ВРЕДИ спојувањето во една партија и им посака успех. Тој вели дека е многу среќен што трите партии од албанскиот блок се споија во една.
„Ние како Алијанса ќе излеземе со наши листи и најверојатно и со наши кандидати за градоначалник“ рече Таравари според кои АА има пет пратеници и тие ќе продолжат како пратеничка група, додека ВРЕДИ ќе има своја пратеничка група“.
Тој појасни дека е против одржување предвремени парламентарни избори. Според Таравари, постои стабилно владино мнозинство, без оглед на тоа дали неговата Алијанса е дел од Владата.
„Мислам дека треба да има локални избори. Важно е да излеземе со најдобри можни резултати на локалните избори и тоа е нашата цел, да освоиме што е можно повеќе општини“, додаде Таравари.
Тој рече дека во наредните денови ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, но не е определен точен датум.






