Трите бебиња кои минатата недела починаа на клникиката за гинекологија биле со белодробни проблеми, а Министерството за здравство ги очекува резултатите од направената обдукција на двегодишното девојче кое пред неколку дена почина во општата болница во Охрид, објави денеска министерот Арбен Таравари.
Во врска со смртта на седуммесеченото бебе во Струга, Таравари рече дека таму не се работи за лекарска грешка, бидејќи детето починало дома.
Веднаш потоа ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од министерот, за како, што наведуваат, катастрофалната ситуација во која тој го втурна здравството.
„Немањето капацитет, идеја и стручен кадар ќе доведе до целосно уништување на здравствениот систем од страна на СДС и нивната Влада“, рече денеска во изјава пред Министерството за здравство Дафина Стојаноска од опозициската партија.




