Таравари тврди дека „немал договор со Ахмети“ и „среќен е што АА ги испрати во опозиција“! „Зачкрипи“ ли нешто меѓу нив?!

„Немам никаков договор со Али Ахмети“!“ – со ова тврдење се огласи вечерва лидерот на неговото крило во Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервјуто, кое го даде за емисијата „Пик подкаст“ на ТВ Ора 24.



Пренесувајќи ги најважните нагласки од искажувањата на Таравари, весникот „Лајм“ пишува: „Таравари откри дека првиот контакт со лидерот на ДУИ Али Ахмети бил остварен без негово знаење преку Азир Алиу, кандидатот за нов министер за здравство: ‘Азир Али комуницира со Али Ахмети без мое знаење од јануари, а потоа ме информираше за ова.“

„Таравари нагласи дека е среќен што Алијансата за Албанците беше дел од политичката промена, што ја одведе ДУИ во опозиција, но додаде: ‘ДУИ сè уште не се реформирала. Потребно ѝ е време да се реформира.“

„За коалицијата Вреди Травари рече дека тоа бил нестабилен проект: ‘Не функционираше во структурата. Постојано имаше поплаки дека се блокира од овој, или оној. И покрај комуникацијата меѓу лидерите, Алијансата за Албанците беше туѓо тело таму.“

„Таравари рече дека имал понудено да се создаде заедничка партија, но оваа иницијатива беше одбиена со барање да се почека до по изборите. ‘Ова одложување нè доведе до оваа точка.’ – нагласи тој.“