Таравари: Со функционеритe на Вреди Вучиќ не може да шета во Скопје и Охрид – Новата влада не е противалбанска!

„Првиот министер, што беше пречекан од новата влада, формирана пред пет месеци, беше премиерот на Косово Албин Курти. Прва меѓувладина средба новата влада оствари со владата на Косово. Првата билатерална средба, која ја остварил Мицкоски по изборот за премиер. Овие три настани сами по себе се пораки за оние, што мислат дека оваа влада е противалбанска.“ – изјави претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари во емисијата „Интерактив“ на КТВ Кохавизион од Косово. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Актуале“ од Македонија.   



Споредено со периодот пред пет месеци кога Вучиќ и Ахмети се шетаа низ Охрид и Скопје, кога Бујар Османи повеќе го посетуваше Белград отколку Косово, сега се случува спротивното. Не можеме да му забраниме на ниеден владин функционер да го посети Белград, но Вучиќ не може да се шета со функционери на Вреди во Скопје и Охрид. – истакна Таравари.

За изјавите на Курти за албанскиот јазик Таравари рече дека Курти бил апсолутно коректен и праведен во својата формулација.

„Имаме четири закони, кои се изгласани од 2002 година. Значи, имаме четири закони за јазици, но не и за албанскиот јазик. Создавач на кризата околу јазикот е уставот. Во уставот службен јазик е македонскиот јазик и јазикот, што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението во Македонија. Во законот се наведува ‘закон за употреба на јазиците’. Ние, Албанците, погрешивме што не инсистиравме да се отстрани формулацијата ’20 проценти“ од уставот во моментите кога уставните промени зависеа од нас.“ – изјави Арбен Таравари.