Таравари со порака до Али Ахмети и ДУИ: Ним не им е проблем Владата, туку одговорноста, која ги очекува!

„Еднаш рекоа: ‘Ќе имаме повеќе од 25 пратеници.’…  Но, не испадна така! Потоа рекоа: ‘ВМРО ДПМНЕ не ја зема Вреди во Владата’… Но, ние сме дел од Владата!“ – вели еден од лидерите на коалицијата Вреди Арбен Таравари во својата колумна, која со наслов „Што рекоа и што бидна“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.



Упатувајќи серија други пораки до „Европскиот фронт“ а посебно до ДУИ, натаму Таравари пишува: Продолжија и кажаа: „Вреди не ја добива позицијата прв парламентарец“ … Африм Гаши стана претседател на Парламентот!

Рекоа во нивното Претседателство дека се во преговори со ВМРО ДПМНЕ, за да станат дел на Владата … Лага!

Следната недела кога ќе се избере Владата на Вреди-ВМРО ДПМНЕ ќе кажат дека таа Влада ќе трае само 6 месеци, па ќе речат до локалните избори… А кога ќе ги изгубат и локалните избори нема да знаат што ќе измислат повеќе.

За нив не е проблем Владата, туку Одговорноста, која ги очекува!