Таравари: Се согласувам со Мицкоски, оти треба да се почекаат јуни и новата влада на Бугарија и како ќе се спроведат со неа уставните измени

„Арбен Таравари од коалицијата ‘Вреди’ во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ изјави дека Договорот со Бугарија е затворено прашање, исто како Договорите од Охрид и Преспа. Но тој се согласува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кога вели дека треба да се почека јуни,  за да се види како ќе се реализираат уставните измени.“  – објави ТВ 21



ТВ 21 ја цитира изјавата на Таравари, дадена во овој контекст: „Договорот со Бугарија е непроменлив, не може да се преговара за него. Тоа е непобитен факт. Македонија бара гаранции. Се согласувам со Мицкоски дека треба да го почекаме јуни, за да ги видиме резултатите (во Бугарија), да ја видиме нејзината Влада и како ќе ги спроведеме со неа уставните измени.“