Актуелниот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук најави дека ќе се повлече од функцијата градоначалник на општина Гостивар за да продолжи како министер за здравство.
На местото на Таравари како в.д. градоначалник на Гостивар ќе седне Валбон Лимани.
Во објавата, Таравари наведува дека секогаш ќе биде подготвен да му помогне на Гостивар.
„Ќе ја преземам функцијата министер за здравство, ќе бидам ангажиран и со партијата и со ВРЕДИ, но секогаш ќе бидам подготвен да му помогнам на Гостивар“, напиша меѓу другото Таравари во објавата на Фејсбук.






