Таравари се огласи со поддршка за Албин Курти и Ветвендосје на прагот на парламентарните избори во Косово на 9.2.2025

„Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците, дел од Вреди, владината коалиција во * Македонија, се огласи со јавна поддршка за Албин Курти, лидерот на Движењето Ветевендосје (Самоопределување – заб.прев.). На една видео-снимка, објавена од Таравари, се гледа тој како е близок со Курти, како што може да се разбере, додека се наоѓал на митингот на Движењето Ветвендосје (Самоопределување- заб.прев.), кој се одржуваше вечерва во Вучитрн, во Косово.“ – објави ТВ21.

Инаку, покрај видеото додека го придружувал лидерот на владејачката косовска партија Ветвендосје Албин Курти, кој е и премиер на Косово, на својот фејсбук-профил Арбен Таравари, министерот за здравство во Владата на Македонија и лидер на Алијансата за Албанците, објави и фотографија, на која е фотографиран со Курти во разговор со него на некоја поранешна средба. На таа фотографија Таравари напиша: „Косово не може да најде никаде подобар премиер од Албин Курти. Неговата љубов кон Косово и неговиот народ одекнува на секој агол.“



Во Косово ќе се одржат парламентарни избори на 9 февруари 2025 година. Митингот на Курти и Ветвендосје во Вучитрн, во Косово, е дел од нивната предизборна кампања на прагот на овие избори.