Таравари: Села „фрла пепел в очи“ и „продава магла“, предложувајќи Уставниот суд да одлучува со двојно мнозинство-бадинтер!

„Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците, која е дел од коалицијата Вреди, го нарекува ‘фрлање пепел в очи’ и ‘продавање магла’ предлогот на Зијадин Села, од Европскиот фронт, Уставниот суд да одобрува одлуки со бадентер, или двојно гласање, за да се избегне надгласување врз етничка основа.“ – објави ТВ Алсат.



ТВ Алсат пишува: „Села и Ахмети, не разбирам: зошто сега ви текна дека треба да има бадентер во Уставниот суд? Ахмети и Села, како негов близок пријател, имаа апсолутна, локална и централна власт веќе 22 години. Зошто не донесоа закон за албанскиот јазик како што треба? Зошто не направија да се гласа со бадентер во Уставен суд? Сега ви текна? Да ви дадеме уште 22 години да направите такво нешто? Зошто не го направија тоа до сега? Многу е лесно да продаваш магла и филозофија. Имаа моќ и не направија ништо.“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.

Демократската унија за интеграција реагираше на одлуката на Уставниот суд за „Балансерот“. Нагласуваат дека со таа одлука директно се прекршуваат клучните одредби од Уставот и се загрозуваат темелите на нашето мултиетничко општество.

„Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе вработувања за Албанците. Поради тоа, ДУИ повикува да се преиспита итно оваа одлука, со цел да се заштити интегритетот на уставниот поредок и да се обезбеди принципот на правична и соодветна застапеност да остане ефективен и применлив во практиката.“ – велат од ДУИ.

Во врска со балансерот денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не ги коментира одлуките на Уставниот суд, туку го поддржува принципот вработувањето и напредувањето да се врши според системот на заслуги, меритократија. Укинувањето на балансерот е предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Основната цел на овој инструмент врз основа на Охридскиот договор и Уставот е да се спречи етничката дискриминација при вработувањата.